Учениците читаа приказни, изработуваа обележувачи, цртаа и пишуваа пораки посветени на книгите. Создаваа и плакати и украсуваа хамер. Во рачно изработената розова книга, покрај цртеж на три книги, ги запишаа пораките „Книгата е подарок кој можеш да го отвориш одново и одново.“ и „Книгата е сон што го држиш во раце.“
Работата продолжи со средување и подредување на книгите во библиотеката. Учениците се грижеа и за нејзината чистота и уредност, со намера таа да биде попријатно место за сите што ја користат.
Од училиштето ја нагласуваат соработката преку која учениците покажале креативност, одговорност и љубов кон книгите. Библиотеката ја посочуваат не само како место за читање, туку и како простор за создавање, учење и споделување. Одговорен наставник за активностите е Лејла Дечковиќ Дрндар.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.