На активноста се дискутираше за правните, психолошките и социјалните последици од деликвенцијата, превенцијата и одговорното донесување одлуки. Наташа Ристовска, раководителка на Секторот за ресоцијализација во Воспитно-поправниот дом, говореше за извршувањето на институционалната воспитна мерка и ресоцијализацијата на децата во судир со законот.
На активноста учествуваа и претставнички на „PsychAlb“, организација со која Советот соработува. Учениците беа информирани дека во организацијата можат да добијат бесплатно индивидуално стручно советување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.