Советниците ќе разгледуваат предлог за одобрување на Планот за програми за развој на општината за 2027 година, како и измени на програмата за поставување урбана опрема.
На дневниот ред се и предлози за времен престанок со работа на четири подрачни училишта: „Браќа Миладиновци“ во Мрзенци, „Мирче Ацев“ во Кованец, „Ристо Динев“ во Милетково и „Ѓорѓе Делев“ во Смоквица. Станува збор за предлог-одлуки, а не за веќе донесени одлуки.
Советот ќе разгледува и предлози за прифаќање донација од „ЛИДЛ“ ДООЕЛ Скопје, за разрешување и именување членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво и за финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“ за првите девет месеци од 2026 година.
Останатите точки опфаќаат иницијатива за урбанистички проект за подземен кабелски вод кај Прдејци и информации за одржувањето на парковите и зелените површини, активностите на Територијалната противпожарна единица и состојбата со социјалната заштита во општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.