Советниците ќе разгледуваат предлози за пет бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација. На дневен ред е и почнување постапка за измени на деталниот урбанистички план за суспендирана градежна парцела во блок 1 на градската четврт ЈИ01.
Меѓу буџетските точки се дополнителни средства за основно училиште, промени во распоредот и проширување на средствата во општинскиот буџет за 2026 година. Предложено е и ослободување од надоместоци за уредување градежно земјиште за млади, по конкретно барање.
На седницата се предвидени и предлози за годишните извештаи и програмите за работа на градинките „Буба Мара“ и „Срничка“, за учебната 2025/2026 и програмската 2026/2027 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.