Со предлог-одлуката се бара согласност од Советот за приоритет и кофинансирање на проектот „Техничка документација за уредување на индустриска зона Криволак-Црвени Брегови-дел“.
Советниците ќе имаат пред себе и предлог за донесување урбанистички проект со план за парцелација, со кој се предлага промена на границите на градежната парцела ГП 18. Парцелата е опфатена со деталниот урбанистички план за дел од урбаната заедница 7, урбан блок 7.1 во Неготино, донесен со одлука бр. 09-113/3 од 10 април 2017 година.
На предложениот дневен ред е и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Неготино за 2026 година.
Седницата, 17. редовна по ред, ја свика претседателот на Советот. Ќе се одржи во салата на Општина Неготино на 26 ноември 2026 година, четврток, со почеток во 15 часот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.