389 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Шест танцови групи настапија со 17 кореографии во Куманово

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Шест танцови студија и клубови настапија со 17 кореографии на празнична манифестација во спортската сала во Куманово, во пресрет на Денот на градот, 11 Ноември.

На сцената настапија „Dance studio Ultra“, „Dance studio MAK“, „Dance studio Virtus“, „Skill Factory“, „Dance studio Fusion“ и Танцов спортски клуб Динамик. Програмата опфати 17 кореографии со домашни и светски музички нумери, детски песни и класична музика, како и заедничка изведба на „Ѓердан“.

Настанот беше под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.