Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Се гребат колотразите на автобуската станица спроти Силбо во Скопје

Извор на фотографијата: Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
Извор на фотографијата: Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска машински ги гребат колотразите на автобуската станица спроти фурната Силбо, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

На крак 38 од булеварот „Македонско Косовска Бригада“ со механизација се отстранува оштетениот асфалтен материјал и се нивелираат шахтите.

Се работи и на пешачки површини. На улицата „Ѓорче Петров“ се вршат машински ископ и порамнување на тампонската подлога на пешачка патека, додека во Мега парк Карпош се подготвуваат пешачките и пристапните патеки за асфалтирање.

На улицата „Народни херои“ се поставуваат заштитни столпчиња, а оштетените столпчиња на градските сообраќајници се санираат. На семафоризираните крстосници се поправаат дефекти на семафорите и светлосната опрема. Одржувањето на сообраќајната сигнализација и опрема на градските сообраќајници опфаќа и ноќни активности.

Во Зоолошката градина се бетонираат темелите за парапетниот дел на оградата, а на кејот на Вардар рачно се чисти обраснатата вегетација на косините.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.