Нивниот став е во Кочани да има музика, радост и празнична атмосфера. Родителите објаснија дека за нив празниците никогаш повеќе нема да бидат исти и дека на нивните трпези засекогаш ќе недостигаат нивните деца, но не сакаат целиот град да живее во тага, особено младите генерации.
„Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, туку град во кој никогаш повеќе нема да згасне млад живот“, порачаа родителите по средбата.
На разговорот за организирањето на претстојните празници, Грозданов побара да го слушне мислењето на родителите. Тој рече дека целта е да се усогласат ставовите за достоинствено одбележување, со почит кон болката на семејствата, но и со внимание кон потребите и чувствата на сите граѓани.
Според Грозданов, празничната радост не треба да ја негира тагата, туку да биде порака дека животот продолжува и дека граѓаните се заедно. Тој изрази желба Кочани да остане град на животот, надежта и човечноста.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.