Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ризиците од цигари, алкохол и дрога тема за седмоодделенците во „Васил Главинов“ во Велес

Фотографија од настанот · Црвен крст ОО Велес — Велес
Фотографија од настанот · Црвен крст ОО Велес — Велес
  • Едукацијата ги опфати ризиците од употребата на цигари, алкохол и дрога.
  • Учениците имаа можност за разговор и прашања за зависностите.
  • Едукацијата ја водеше Сара Јовчевска од велешкиот Црвен крст.

Учениците од седмо одделение во ООУ „Васил Главинов“ во Велес учествуваа во врсничка едукација за последиците и штетните влијанија од употребата на цигари, алкохол и дрога.

Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да разговараат, да поставуваат прашања и да добијат информации за ризиците од зависностите. Целта беше, покрај запознавањето со овие последици, да се подигне нивната свест за важноста на здравите навики и донесувањето правилни одлуки.

Едукацијата ја водеше Сара Јовчевска, сертифицирана врсничка едукаторка од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес. Активноста беше организирана по повод ноември, месец посветен на борбата против зависностите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.