На конкурсот можат да се пријават заинтересирани физички и правни лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност во општина Радовиш. Треба да докажат дека во изминатиот период се занимавале исклучиво со една дејност или сè уште се занимаваат само со неа, како и дека со неа придонеле и оставиле длабока трага во општествениот и стопанскиот живот на општината.
За пријавата се потребни податоци за предложеното физичко или правно лице и образложение за предлогот.
Документите може да се достават на булеварот „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, или директно во архивата на Општина Радовиш. Треба да бидат означени „По конкурсот за 6 Ноември 2026 год.“
Пријавите со нецелосна документација или доставени по рокот нема да бидат разгледувани.
Решението за објавување на конкурсот го донел градоначалникот на Радовиш Љупче Почивалец врз основа на членовите 50 и 63 од Законот за локална самоуправа, со наведување на Службен весник на РМ бр. 05/2002. Документот го изготвил Игор Чапов, а го одобрила Спасија Ефнушева.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.