Работилницата ќе се одржи во вторник, 24 ноември 2026 година, од 18 часот, во Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани. Ќе трае 90 минути, а ќе ја води лиценцираниот психолог Љубица Иванова.
Под прашањето „Што носам во мојот ранец?“, младите ќе разговараат за препознавање и именување на емоциите, како и за врската меѓу мислите, чувствата, телесните реакции и однесувањето. Дел од разговорот ќе биде и препознавањето на моментите кога е потребна помош, како и користењето на сопствените способности и поддршката од другите за справување со секојдневните предизвици.
Заинтересираните можат да се пријават преку онлајн формуларот за учество.
Работилницата е дел од проектот „Патот кон закрепнувањето“. Активноста ја овозможува регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.