386 вести · 24 ч.
Берово 5°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Пронајден пиштол кај 15-годишник во средно училиште во Тетово

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.

Петнаесетгодишник од Тетово вчера бил лишен од слобода во средно училиште во градот, откако полицијата при преглед кај него пронашла пиштол и една рамка.

Полициски службеници од СВР Тетово интервенирале во 14:40 часот, во присуство на родител и училишниот педагог. Кај малолетникот биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ со калибар 9 мм и една рамка.

Малолетникот бил задржан во полициска станица, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.