На средбата дојдоа четвртоодделенци од училиштата „Кире Гаврилоски – Јане“, „Климент Охридски“, „Рампо Левката“, „Блаже Конески“ и „Кочо Рацин“. Низ непосредниот разговор имаа можност да се запознаат со надлежностите на градоначалникот, функционирањето на Општината и начинот на донесување одлуки што влијаат врз развојот на градот.
Проданоски рече дека го радуваат љубопитноста, искреноста и интересот на учениците за овие прашања. Според него, разговорот и запознавањето со институциите одблизу му даваат поинаква вредност на учењето, а децата треба од најрана возраст да се поттикнуваат да размислуваат и да бидат активни во средината во која живеат.
Тој им се заблагодари на наставниците за трудот да им овозможат на учениците интерактивно искуство во совладувањето на наставната програма.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.