На завршната сесија граѓаните преку гласање и бодување одлучуваа за три предлог-проекти. Училишниот кампус доби 18 поени, а Музејот на рударство 10.
Од четирите форумски сесии произлегоа 10 препораки до Општината. Меѓу нив се отворање Младински центар, реконструкција на трпезарија и поставување настрешница на Грчки гробишта, изградба на мост за возила на горна Каменичка Река, реконструкција на кејот на Каменичка Река и изградба на тротоари на улицата Церска.
Останатите препораки се поставување куќички за бездомници, уредување на постојната теретана, контејнери за рециклирање и селекција на отпад и компостери за органски отпад, реконструкција на водоводот во Стара Каменица и Дулица и уредување пешачка патека на Калиманско Езеро за езерски туризам.
Препораките произлегле од жители што учествувале во сесиите и претставуваат насоки за потребите и приоритетите на локалната заедница. Форумот се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, со грант-фонд од 30.000 американски долари. Проектот се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.