На улицата Ѓорче Петров се вршат машински ископ и поставување тампонски слој на пешачка патека. Во Мега парк Карпош се поставуваат рабници и се планира тампонски слој на пешачките и пристапните патеки. На пешачката зона кај кејот на Вардар се прередуваат пропаднати бехатон-плочи, а на плоштадот Македонија се санираат пропаднати гранитни плочи.
На градските сообраќајници се санираат оштетени заштитни столпчиња и се контролира вертикалната сигнализација. Активностите опфаќаат и ноќно обележување на хоризонталната сигнализација, како и санација на дефекти на семафорите, нивната инсталација и опрема на семафоризирани крстосници.
На кејот на Вардар се чисти обраснатата вегетација на косините. Во Зоолошката градина се работи на парапетот за заштитната ограда кај животинско живеалиште.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.