Центарот е воспоставен преку партнерство на Општинската организација на Црвениот крст Кочани со општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци. Поддршка добил преку Третиот јавен повик за развој на социјални услуги, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги.
Услугата е наменета за лица над 26-годишна возраст со тешка телесна, интелектуална или комбинирана попреченост, на кои им е потребна поддршка во секојдневното функционирање, социјализацијата и личниот развој.
Во Центарот се обезбедуваат работно-окупациони, едукативни, рекреативни и социјални активности, како и активности за личен раст и развој. Тие се приспособени на индивидуалните потреби, интереси, можности и функционални способности на корисниците.
Преку услугата се создаваат услови за развивање и одржување на постојните вештини, унапредување на самостојноста и самодовербата, како и поттикнување на социјалната интеракција и активното учество во заедницата.
Велковски рече дека целта е социјалните услуги да бидат достапни таму каде што им се најпотребни на граѓаните. Тој го оцени отворањето како чекор кон систем што обезбедува поддршка, еднакви можности и поголема вклученост на лицата со попреченост.
Министерството наведува дека продолжува да го поддржува развојот и проширувањето на социјалните услуги во локалните заедници, за граѓаните да добиваат навремена, квалитетна и достапна поддршка во местото на живеење. Отворањето на Центарот го оценува и како чекор кон подобар квалитет на живот за лицата со попреченост и нивните семејства, и кон поинклузивни локални заедници.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.