Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Отстранет отпад што ја попречуваше канализацијата на „Методија Шаторов – Шарло“ во Аеродром

Фотографија од настанот · Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје
Фотографија од настанот · Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје
  • Екипите отстранија отпад од канализацијата на „Методија Шаторов - Шарло“ во Аеродром.
  • Водовод апелира влажните марамчиња и пелените да се фрлаат во корпите.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денес отстранија отпад што го попречуваше нормалното функционирање на канализацијата на улицата Методија Шаторов - Шарло во Општина Аеродром.

Интервенцијата е дел од теренските работи што продолжуваат на повеќе локации низ Скопје, каде што екипите отстрануваат несоодветно одложен отпад од канализациската мрежа.

Од претпријатието апелираат граѓаните да не ги користат канализациските шахти за одлагање отпад. Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и другите отпадоци треба да се фрлаат во корпите, а не во канализацијата, за да се спречат затнувања и да се овозможи непречено функционирање на мрежата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.