358 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Осум наставници од Аеродром добија признанија и награди од 10 илјади денари

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Аеродром
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Аеродром
  • Признанијата и наградите ги врачи градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.

Осум наставници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денес добија признанија и парични награди од 10 илјади денари по повод Светскиот ден на наставникот, 5 октомври.

Признанијата и наградите им ги врачи градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, кој им се заблагодари за посветеноста во работата и им посака натамошни успеси.

Наградени се Марјан Куцулоски од ООУ „Лазо Ангеловски“, Сања Димитриева од ООУ „Александар Македонски“, Звонко Лукрис од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ и Љупка Павловска од ООУ „Димитар Македонски“.

Меѓу добитниците се и Магдалена Илиоска-Трајковска од ООУ „Гоце Делчев“, Соња Вељановска од ООУ „Блаже Конески“, Маја Божиновска од ООУ „Љубен Лапе“ и Зорица Вучиниќ од ООУ „Браќа Миладиновци“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.