Корисниците ги претставуваат локалните заедници од Вејце, Вешала, Бозовце, Бродец и Шипковица, кои го сочинуваат микрорегионот „5V“ во Националниот парк Шар Планина. Ова подрачје е избрано за пилот-примена на концептот 4 „Returns“, односно четири поврзани придобивки од одржливиот развој.
Пристапот се темели на враќање на инспирацијата и на обновување на социјалниот, природниот и финансискиот капитал. Целта е обновата на природата да се поврзе со посилни локални заедници, одржливи економски можности и долгорочни перспективи за развој. ЦНВП се опишува како пионер во воведувањето и примената на овој концепт во земјата, со пристап што ги обединува обновувањето на пределите и одржливиот локален развој.
Грантовите се доделени преку првиот повик за проектни предлози од проектот „PULSE“, наменет за заштита на уникатните предели и видови во Албанија и Северна Македонија. Проектот го спроведува ЦНВП со финансиска поддршка од Преспа-охридскиот фонд за природа, ПОНТ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.