Целта беше младите генерации да ја запознаат историјата на албанската азбука и нејзиното значење за зачувувањето на националниот идентитет, како и да развиваат љубов и почит кон јазикот и културното наследство.
На проекцијата присуствуваа раководителката на Секторот за образование во Општина Гостивар, Блерина Селмани, и директорот на Центарот за култура, Исмет Исмали. Селмани ја нагласи важноста на образовните и културните активности за пренесување на националните вредности на младите генерации.
Селмани ги покани граѓаните и на манифестацијата по повод 28 Ноември – Денот на знамето, која ќе се одржи на 26 ноември 2026 година на градскиот плоштад во Гостивар, со почеток во 13:00 часот.
Целта на манифестацијата е да ги обедини граѓаните во празнично одбележување на датумот од албанската национална историја, со почит кон знамето и националните вредности. Општината упати покана до сите семејства, млади и граѓани, без исклучок, да се придружат на прославата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.