Меѓу можните примени се откривање и процена на одлепување на ретината, како и промени во стаклестото тело, вклучително крвавење, заматувања и задно одлепување. Апаратот овозможува и откривање и мерење на одредени тумори и маси во окото, како и откривање одредени туѓи тела.
Може да се проценуваат и промени на хориоидеата, како задебелувања и одлепување. Мерењето на должината на очното јаболко најчесто служи за пресметка на диоптријата на интраокуларната леќа пред операција на катаракта. Процената на одредени промени во ткивата околу окото зависи од типот на апаратот и сондата.
Апаратот чини 1.947.000 денари и е дел од набавка на медицинска опрема во вредност од 108.000.000 денари, овозможена од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Владата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.