Сесијата се одржала во училиштето Osnovna shola „Vrhovci“. ООУ „Вера Циривири-Трена“ го претставувале наставничката по математика, м-р Јасмина Сретеновска, и директорката Соња Јовановска.
Активностите биле насочени кон развој на TOGETHER Tool, практичен прирачник замислен да го поттикне поврзувањето на училиштето и семејството преку заедничко STEAM учење. Училиштето наведува дека е дел од процесот на создавање на алатката.
Од училиштето велат дека учеството овозможува размена на искуства, идеи и добри практики со партнерите и заеднички придонес кон ресурс што може да биде корисен за образовната заедница. Прирачникот е достапен на веб-страницата на проектот FASTEAM.
Организатор на проектот е Learning Hub Friesland од Leeuwarden, Холандија. Партнери се De Jutter school од Vlieland, Холандија, University of Zagreb, NGO Future Minds од Скопје, Osnovna shola „Vrhovci“ од Љубљана и ООУ „Вера Циривири-Трена“ од Скопје, Општина Карпош.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.