Јавната анкета ќе се одржува секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка. Анкетните листови се достапни во општинската архива, а забелешките во наведениот рок ќе може да се достават писмено преку нив или електронски, преку системот е-урбанизам.
Третата јавна презентација на планот ќе се одржи на 10 декември 2026 година, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка.
Планот опфаќа 3,10 хектари во дел од блок С-01, во катастарската општина Крива Паланка. На исток и на југ границата оди по осовината на регулираното корито на Крива Река. На северозапад таа ги следи границите на наменската зона утврдена со Генералниот урбанистички план на Крива Паланка, со одлуката од 9 октомври 2023 година.
Соопштението за организирање на анкетата и презентацијата е потпишано од градоначалникот Сашко Митовски. Планот ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат, на општинските информациски табли, во просториите на Општината и во системот е-урбанизам.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.