Во првата фаза се менуваат старата водоводна и канализациона мрежа, како и другите инсталации што минуваат низ мостот. Меѓу штипјани мостот е познат и како Султанов мост.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека мостот има особено историско и културно значење за градот и дека треба да се зачуваат неговата автентичност и историската вредност. По промената на инсталациите, најави продолжување со реконструкцијата, реставрацијата и осветлувањето.
Поголемите градежни активности и регулирањето на сообраќајот на Камениот мост ќе зависат од динамиката на работите на мостот на Брегалница кај ЈП „Македонија пат“. Според најавите наведени од Општина Штип, тој мост се очекува целосно реконструиран да биде пуштен во употреба на 7 октомври, по што ќе се создадат услови за продолжување на работите на Камениот мост.
Општината наведува дека со реконструкцијата и реставрацијата се создаваат услови значајни објекти од минатото да бидат зачувани, обновени и повторно да станат дел од современиот лик на градот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.