Најважно
368 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Нов одбор ќе координира регионални инвестиции за отпадот во Скопскиот регион

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Карпош
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Карпош

Меѓуопштински одбор што ќе иницира и координира инвестициони проекти за управување со отпадот од регионално значење беше конституиран денеска во рамките на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Во новото тело учествува и Општина Карпош.

Целта е општините и институциите посилно да соработуваат и да се координираат за поефикасно управување со отпадот, негово дислоцирање и правилна селекција, како и за воспоставување одржливи решенија на регионално ниво. Покрај иницирањето и координацијата на проектите, Одборот ќе го следи спроведувањето на активностите и состојбите во управувањето со отпадот.

Карпош во Одборот го претставува Јованче Цветаноски, овластен од градоначалникот Сотир Лукровски. За претседавач на конститутивната седница беше избран Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден, а беше усвоен и Деловникот за работа на телото.

За претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Скопскиот плански регион беше избран градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.