Иницијативите се развивале во изминатите месеци, кога младите работеле на решенија во областа на образованието, културата и животната средина.
Настанот е наменет и за инвеститори, компании, бизнис ангели, партнери и поддржувачи на младинското претприемништво. Целта е тие да се запознаат со идеите, да воспостават соработки и да го поддржат развојот на младите дигитални претприемачи.
Заинтересираните ќе можат да учествуваат и онлајн, преку врската за пристап на Зум.
СЕГА го организира настанот како дел од проектот „Digital Youth Ventures – Innovating Communities“, поддржан од програмата „BOOST Balkans“. Програмата ја спроведува Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), со финансиска поддршка од Француската агенција за развој (АФД), а во Македонија ја координира АЛДА Балканс.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.