Со опремата учениците ќе можат директно да ги следат и проучуваат климатските и временските процеси, најавуваат од училиштето. Оттаму очекуваат метеоролошката станица да го подобри квалитетот на практичната настава.
Обуката што го овозможи вклучувањето во програмата беше насочена кон воведување иновативни и практични наставни методи преку изработка на едукативни модели. Според училиштето, таквиот пристап го олеснува совладувањето на теоретските содржини и ги поттикнува критичкото размислување и истражувачкиот дух кај учениците.
Учествуваа наставници по природни науки, географија, биологија, хемија и физика, како и одделенски наставници од училиштето. Работилницата им понуди можност за размена на искуства и стекнување нови вештини за интерактивна настава.
Обуката ја водеше Пане Перуновски, наставник по географија во Американската гимназија во Скопје. Тој неодамна е назначен за претставник за образование од областа на геонауките од Образовниот комитет на Европската унија за геонауки („EGU“).







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.