Меџити и Биба, кој потекнува од Призрен, разговараа за тоа како искуството на Бурса да се искористи за оживување на Чаршијата. Разговорот ги опфати експертизата и средствата потребни за проектот.
Проектот треба да ги поврзе реставрацијата и зачувувањето на историската автентичност на Чаршијата со нејзиниот економски и туристички развој.
Во советот за лобирање ќе се вклучат Биба, заменик-министерот за култура, Реџеп Алтепе, Бајрам Вардар и други јавни личности со потекло од Балканот, најави Меџити.
Според Меџити, проектот со секоја средба добива поддршка и партнери. Намерата е врските на овие јавни личности со местата од кои потекнуваат да се искористат за соработка за иднината на Чаршијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.