Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Медениот појадок им ја приближи на децата важноста на пчелите

Фотографија од настанот · Општина Карпош
Фотографија од настанот · Општина Карпош
  • Традиционалниот словенечки појадок содржи леб, путер, мед, млеко и јаболко.
  • Децата се запознаа со значењето на медот и заштитата на пчелите.

Леб, путер, мед, млеко и јаболко го сочинуваат традиционалниот словенечки појадок, чие одбележување денеска беше повод децата преку едукативни активности да се запознаат со здравата исхрана и улогата на пчелите во природата.

Активностите ги опфатија придобивките од здравиот појадок, значењето на медот и пчелните производи и потребата од заштита на пчелите. Дел од темите беше и важноста на домашното производство.

Настанот го организираше Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ООУ „Аврам Писевски“. На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

Лукровски рече дека Општина Карпош ги поддржува ваквите едукативни иницијативи, оценувајќи дека тие кај децата развиваат здрави навики, еколошка свест и почит кон природата. Тој ја нагласи и важноста на пчеларството за зачувување на биолошката разновидност и одржување на природната рамнотежа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.