Учениците осмислија визуелен идентитет и пакување, ја дефинираа целната група и ги претставија придобивките со кои би го рекламирале производот. Меѓу слоганите што ги создадоа на англиски беа „Feel good. Live well.“ и „Trusted. Proven.“.
Едно од рекламните решенија за пијалакот „Sogood High Energy“ беше насочено кон лица над 65 години и кон луѓе што сакаат здрав начин на живот. Во него учениците го претставија пијалакот како витамински производ, со рекламни пораки за енергија и благосостојба.
Од училиштето ја посочуваат ваквата практична работа како начин за усовршување на деловниот и маркетиншкиот вокабулар на англиски, развивање критичко размислување и вештини за убедување, како и поттикнување креативност, дигитална писменост и тимска работа. Целта е матурантите да стекнат практично знаење и самодоверба за употреба на јазикот во професионални ситуации, како подготовка за натамошното образование и кариерата.
Работилницата на тема „Креирање рекламна кампања“ ја реализираше професорката Валентина Богојовска.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.