Настанот беше организиран по повод Денот на детето. Првачињата ја проследија промоцијата на книгата „Букволенд“, со поднаслов „Патување низ светот на буквите“, а гледаа и театарска претстава во изведба на Театарската школа „Бабец“.
На промоцијата присуствуваа и првачиња од ООУ „Кирил и Методиј“. Театарскиот дел опфати изведба на делови од претставата „Зборови“ на Бабец театар.
Авторката Сања Стровјановска, дипломиран педагог, им се обрати на присутните преку видео. Проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска објасни дека целта на книгата е децата преку игра и креативност полесно да ги совладаат буквите, да ги поврзуваат во слогови и да ги создаваат првите зборови.
Од училиштето велат дека децата уживале во промоцијата, а настапот на магионичарот им донел посебна радост и возбуда додека ги запознавал со буквите на забавен начин.
Децата заеднички пееја песни посветени на буквите, а завршниот настап го изведе магионичарот Марло.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.