Според библиотеката, мислењата на учесниците биле поделени: на некои најблиска им била втората Марија, на други третата, а дел биле одушевени од начинот на кој е претставен првиот дел од книгата. Учесниците изнеле различни согледувања, впечатоци и емоции во разговорот за делото.
Библиотеката го опишува „Три Марии“ како сложено дело во кое се преплетуваат психолошки нијанси, внатрешни состојби и примеси на басма, што остава простор за различни читања и толкувања. Пред работилницата, дел од учесниците во проектот заедно со претставници на библиотеката присуствувале и на промоцијата на книгата во Центарот за култура.
Со работилницата продолжи проектот „Читаме македонски современи автори“, насочен кон развивање критичко размислување и отворање нови хоризонти кај младите. Проектот има финансиска поддршка преку Програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.