Решенијата се подигнуваат во Одделението за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци, при општинскиот Сектор за даноци и такси. Предупредувањето до обврзниците е дека самите ќе ги сносат негативните последици што можат да произлезат од неподигнувањето на решенијата.
Списокот со називите на фирмите, местата и броевите на решенијата е достапен на огласната табла во просториите на Општина Куманово и на официјалната општинска веб-страница. Во него се наведени фирми од Куманово, Агино Село, Лопате и Карабичане, како и од Ваксинце и Виштица во Липково.
Јавната објава ќе биде објавена и во службеното гласило на Општина Куманово и во дневните весници „Нова Македонија“ и „Lajm“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.