Пакетот опфаќа и поддршка за жртвите на семејно насилство, лицата со попреченост и борците. За пристапот на децата до социјалните мрежи се предлага електронска апликација за проверка на возраста и родителска контрола.
Во здравството, амандманите предвидуваат обезбедување средства за набавка на мамографски апарати. Целта е унапредување на здравствената заштита и проширување на можностите за рано откривање малигни заболувања преку мамографски прегледи.
За културата се предлага реконструкција на безистенот и објектот Парк во Битола, како и поддршка за целосна реконструкција на театарот во Куманово. Опфатени се и поддршка за културни проекти, заштита на културното наследство, поддршка за Агенцијата за филм и подобрување на материјалниот статус на вработените во културата.
Меѓу предложените намени се и поддршка за малите и средните претпријатија и за научноистражувачката дејност.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.