Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

„Крсте Мисирков“ во Гевгелија ќе произведува сопствена струја со фотоволтаична централа

Извор на фотографијата: Општина Гевгелија
Извор на фотографијата: Општина Гевгелија

Во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија се поставува фотоволтаична централа со која училиштето ќе произведува сопствена електрична енергија од обновлив извор.

Општина Гевгелија очекува инвестицијата да ги намали трошоците за електрична енергија и да ја зголеми енергетската независност на училиштето, со долгорочна корист за неговото работење.

Централата се поставува преку прекуграничниот проект „Green for Good“- „G4G“ меѓу Македонија и Грција. Проектот е финансиран преку програмата „Interreg IPA“ на Европската Унија и е насочен кон примена на одржливи енергетски решенија.

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, изјави дека општината продолжува да ги користи можностите од европските фондови за проекти што носат конкретни придобивки за јавните установи и граѓаните на Гевгелија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.