Стеблото е во близина на црквата „Св. Димитрија“ и селските гробишта. Поради значителното оштетување, потребни се стручни мерки за процена на здравствената состојба и механичката стабилност. Општината наведува дека постои потенцијален ризик од кршење и паѓање гранки или делови од стеблото, што може да ги загрози посетителите на гробиштата и црковниот комплекс, како и да ги оштети спомениците и надгробните обележја.
Блатниот даб во Кривогаштани е прогласен за заштитена природна реткост и подлежи на посебен режим на заштита. Активностите треба да се спроведуваат стручно и во согласност со законските прописи за заштита на природата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.