Станува збор за последната делница со која, според Николовски, се заокружува уште една фаза од проектот за реконструкција на уличната инфраструктура во Царина.
Кај гимназијата „Митко Пенџуклиски“ ќе се урне оштетениот потпорен ѕид и ќе се изгради нов. Покрај проширувањето на коловозот, работите опфаќаат поставување рабници и изградба на тротоари на местата каде што тоа е можно.
Улицата ќе се асфалтира, а ќе се постават и заштитни огради и сообраќајна сигнализација. Николовски очекува со интервенцијата да се подобри патната инфраструктура, да се зголеми безбедноста и да се обезбедат подобри услови за движење на сите учесници во сообраќајот.
Градоначалникот ги поврза работите со исполнувањето на општинската програма и ветувањата кон граѓаните, за кои рече дека се засновани врз нивните барања и потреби.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.