Во денешната дневна контрола, Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје зеде 44 примероци од водоводната мрежа на Скопје. Од нив, три се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
На сите земени примероци ќе им бидат направени физичко-хемиски и микробиолошки анализи во лабораториите на Секторот, акредитирани според „ISO“ 17025:2018. Испитувањата ќе се изведат според Основниот преглед-А од Прилог 4 на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018.
Дневниот мониторинг се спроведува според Прилог 2, Дел Б од истиот правилник. Примероците се земени според методата „MKC ISO“ 5667-5, која го уредува земањето примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.