На поголемиот дел од локациите се поставуваат технички успорувачи, познати како „легнати полицајци“. Пешачките премини се изведуваат на ниво на тротоарите.
Проданоски наведува дека мерките се преземаат на места каде што е потребно дополнително да се успори сообраќајот и да се зголеми безбедноста. Според објавата, издигнатите премини треба да го направат пешачењето побезбедно и да ги принудат возачите да ја намалат брзината.
Проектот се реализира преку Министерството за транспорт, во рамките на Проектот за поврзување на локалните патишта, со финансиска поддршка од Светска банка.
Градоначалникот ги претставува мерките како продолжение на акцијата за расчистување на јавните површини од хаварисани и напуштени возила. Наведува дека целта е поголема безбедност во сообраќајот и непречено движење на сите граѓани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.