Новата градинка се гради во Козле и е предвидена за 130 деца. Во Влае започнала изградбата на повеќенаменска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“, со површина од 1.400 квадратни метри и проект според европски и меѓународни спортски стандарди. Во ООУ „Братство“ изградбата на уште една повеќенаменска сала започнала со поставување камен-темелник.
Лукровски ја најави реконструкцијата на Мега-паркот во Карпош 4 како дел од соработката со Град Скопје. Во претходна објава тој соопшти дека Советот на Општина Карпош ја поддржал измената на одлуката за партерно уредување и озеленување на паркот. Во неа било наведено дека средствата се зголемуваат од 30 на 118 милиони денари и дека Град Скопје целосно ќе ги обезбеди. Предвидени се хортикултурно уредување и озеленување, пешачки површини, паркинг-простори, спортски игралишта, летна сцена, геодетски снимања и проектна документација.
Градоначалникот на Карпош најави реконструкција на мега-паркот во Карпош 4
Советот на Карпош поддржа зголемување на средствата за Мега паркот на 118 милиони денари






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.