Според неговата објава, средбата беше посветена на зеленото буџетирање и учеството на граѓаните во создавањето одржлива иднина. Стојкоски ги претстави инвестициите како проекти што ја поврзуваат заштитата на животната средина со секојдневните потреби на жителите.
Меѓу нив ги наброја подобрувањето на енергетската ефикасност на училиштата и градинките, фотоволтаиците на училиштата и користењето обновливи извори на енергија. Ги спомена и субвенциите за велосипеди и клима-уреди, како и екоигралиште со повеќе можности за детска игра во здрава средина.
Како цели на инвестициите Стојкоски ги наведе почистиот воздух, помалата потрошувачка на енергија, поквалитетните јавни простори и подобрите услови за децата.
Тој смета дека граѓаните треба да имаат силен глас во одлучувањето за приоритетите во своето маало, а општинскиот буџет да носи придобивки што ќе ги почувствува секое семејство.
Стојкоски им се заблагодари на организаторите и учесниците за размената на искуства и идеи и наведе дека продолжуваат со работа и инвестиции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.