Во делот за комуналната инфраструктура, отчетот наведува и изградба на канализациска мрежа во Чардак, доработка на проекти за секундарна мрежа во повеќе населени места и подобрување на водоводната мрежа и каптажите за вода.
Според отчетот, реконструирани и асфалтирани се околу четири километри улици, а реализирана е последната фаза од реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“. Отчетот наведува и дека спортскиот терен во Глуво е реконструиран и добил вештачка трева, како и дека се обновени училишните простории во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Во отчетот се наведува дека е формирано доброволно противпожарно друштво и е обезбедено теренско возило за гаснење пожари, заедно со дополнителна опрема за пожари на отворено.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.