Информацијата е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и се темели на прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. За Скопје е прогнозирана средна дневна температура од 14 степени.
Според регулативата, снабдувањето вообичаено започнува на 15 октомври. Може да започне и порано, од 1 октомври, ако прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е 12 степени или пониска, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
За информации или пријави за интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на 02 3076 200 или 075 400 100.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.