Проектот предвидува едукација на учениците за навремено препознавање ризични ситуации и правилно реагирање, како и создавање пријателска училишна атмосфера.
Практичната работа следува по обуките за наставниците и потпишувањето трипартитен меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето и Обединетата Македонска Дијаспора – Подружница Македонија.
На настанот присуствувале градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, шведскиот амбасадор во Македонија Ола Сулстром, донаторите Антонијо и Пирко Трпевски и претставници на „Star for Life“, „Motivation Lift“ и Обединетата Македонска Дијаспора.
Градоначалничката изјавила дека целта е учениците да научат да го препознаваат булингот, правилно да реагираат и да си пружаат поддршка. Таа рекла дека сака децата да се чувствуваат безбедно, прифатено и заштитено, а поздрава училишна средина, според неа, може да се гради со соработка и посветеност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.