Најважно
382 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Два слоја асфалт на „Васил Ѓорѓов“ во Велес, следуваат тротоарите

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Велес
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Велес
  • На улицата „Васил Ѓорѓов“ во Велес се поставени два слоја асфалт.
  • Следуваат поплочување на тротоарите со бехатон-плочки и хортикултурно уредување.

Со поставувањето на двата слоја асфалт заврши реконструкцијата на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Велес. Работите во околниот простор ќе продолжат со уредување на тротоарите и зеленилото.

Општина Велес најави дека во наредниот период тротоарите ќе се поплочуваат со бехатон-плочки, а ЈКП „Дервен“ ќе го уредува просторот хортикултурно.

Увид во изведените градежни работи направија градоначалникот Марко Колев, претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, и пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.