Меѓу изложените производи имаше печива и овошје, а на штандот број 4 беа наредени и производи во тегли и шишиња.
Саемот го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. На отворањето присуствуваше и министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по што двајцата ги посетија изложбените штандови и се запознаа со понудата на домашните производители.
Министерството за јавна администрација порача дека поддршката на домашното производство е поддршка за македонските производители, локалната економија и квалитетната домашна храна. Оттаму повикаа на препознавање, промоција и поддршка на македонските производи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.