Според одговорите на присутните ученици, брзата храна, индустриските ужини и засладените пијалаци се чест избор за време на училишните одмори, додека овошјето и водата се значително поретко застапени. Училиштето пренесува и дека во разговорот било посочено сѐ почесто поминување на слободното време пред дигитални екрани, наместо во движење, спорт и рекреација.
Работилницата ја водеа Димче Каневче и Весна Цветаноска, претставници на Здружението за лица со дијабет. Преку непосреден разговор, практични примери и интерактивна дискусија, со учениците ги обработија правилната и балансирана исхрана, физичката активност, рекреацијата и редовните здравствени прегледи. Разговараа и за препознавањето на симптомите на дијабетесот, факторите на ризик и можните компликации.
Иницијатор и организатор беше Советот на родители, а работилницата се одржа под мотото „ДОБАР СОВЕТ – ЗДРАВЈЕ ВРЕДИ!“. Од училиштето ја оценија како охрабрувачка заинтересираноста, искреноста и активното учество на учениците, како и нивната подготвеност да размислат за промени во секојдневието.
Училиштето порача дека за создавање здрави навики, покрај советите, се потребни личен пример, едукација, поддршка и заедничко дејствување на родителите, училиштето, здравствените работници и граѓанските организации. Советот на родители останува посветен на иницирање и поддршка на едукативни активности за здрав, безбеден и квалитетен развој на децата.
Во реализацијата помогнаа „Свет на родители“, директорката, стручната служба, наставниците и присутните. Активноста ја поддржа и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, како дел од националната програма за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.