391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Црвениот крст и Зоолошката во Битола ќе организираат заеднички еколошки и хуманитарни акции

Фотографија од настанот · Црвен крст — ОО Битола
Фотографија од настанот · Црвен крст — ОО Битола

Општинската организација на Црвен крст - Битола и Јавната општинска установа Зоолошка градина - Битола ќе работат заеднички на еколошки и хуманитарни акции. Двете организации денес потпишаа меморандум за соработка.

Партнерството опфаќа и реализација на едукативни работилници. Во соработката се планирани и различни активности за вклучување на волонтерите на битолскиот Црвен крст.

Првиот заеднички настан по потпишувањето на меморандумот е најавен за сабота, 21 ноември, во Зоолошката градина Битола, а гости ќе бидат највозрасните битолчани.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.