Во периодот од 1 до 15 октомври, испораката може да започне доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е 12 степени Целзиусови или пониска, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе има информации дали се исполнети условите за испорака, согласно одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите на УХМР.
ЕСМ ги повикува корисниците навреме да ги завршат поправките на внатрешните грејни инсталации, чие редовно одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да ги пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
За функционирање на системот, потребни се пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување. Заедниците на сопственици треба навреме да ги подмират сметките за струја за потстаниците и да проверат дали електричните инсталации се функционални.
Потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти без услови за испорака на топлина, во делот „Затворени објекти“ на веб-страницата на ЕСМ Снабдување.
За информации, пријава на дефекти и известување за завршени интервенции, достапни се телефоните на Центарот за грижа на потрошувачи 02 3076 200 и 075 400 100, како и на службите на ЕСМ Енергетика 02 3104 816 и 02 3104 872.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.