Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Бизнисот и граѓанскиот сектор се вклучија во економската стратегија на Скопје за 2026 – 2029 година

Извор на фотографијата: Град Скопје
Извор на фотографијата: Град Скопје

Претставници на бизнисот, граѓанскиот сектор и институциите денеска се вклучија во подготовката на Стратегијата за локален економски развој на Скопје за периодот од 2026 до 2029 година. На првата работилница што ја организираше Град Скопје, тие имаа можност да претстават идеи и проекти за подобрување на услугите кон граѓаните и за економски и деловен развој.

Учесниците работеа во групи кои дадоа придонес во обликувањето на визијата за Скопје за четиригодишниот период. Целта е преку подобри услуги и развој на економијата и бизнисот да се придонесе за подобар квалитет на живот во градот.

Во работата учествуваа претставници на секторите во Град Скопје, општините и јавните претпријатија, заедно со претставници на стопанските комори, Занаетчиската комора и приватниот сектор. Беа вклучени и претставници на невладини организации, универзитети, Министерството за култура и туризам и Министерството за локална самоуправа.

Стратегијата ја изработува компанијата СЕГ – Холдинг.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.